Skip to main content

Posts

Showing posts from April, 2020

Животот на Гоце Делчев до запишувањето во гимназијата „Св. Кирил и Методиј“

Гоце Делчев бил роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш како прво машко дете, а трето по ред на фамилијата Делчеви кои имале вкупно девет деца. Гоце имал тројца браќа, Мицо, Милан и Христо и пет сестри, Руша, Цоца, Тина, Лика и Елена. Неговиот татко Никола Делчев бил од Кукуш, а пак неговата мајка Султана Нурџиева била од селото Мурарци. Таткото на Гоце Делчев се занимавал со трговија и имал стадо овци. Тој бил доста строг, но и правичен човек кој од своите деца успеал да направи слободољубиви, трудољубиви и самосвесни личности, но секако во ова имала голем удел и нивната мајка. Гоце Делчев уште од своите пет години ги развил своите мошне позитивни карактеристики, каде што се нашол во ситуација да ја заштити својата мајка на еден вербален начин и со голема храброст при расправијата на неговите родители. Како мал тој се дружел со деца од различна националност, како Македонци, Турци и Роми, без да прави никаква разлика помеѓу нив. Тој бил многу темпераментен, па честопати знаел лесно ...

VII одделение: Тема 6; Лекција (2): Самостојни феудални држави во XIV век

Почитувани ученици, откако ги прочитавте упатствата кои ви ги напишав на Google Classroom, сега почнуваме со нова, односно со втората лекција од тема 6, која носи наслов „Самостојни феудални држави во XIV век“. Лекцијата во учебникот ви е од страна 88 до страна 90. Во оваа лекција ќе разговараме за одредени феудалци од XIV век кои успеале да создадат свои држави на македонско тло. Додека читате, задолжително да ја користите картата на страна 89! А сега, да преминеме подетално на лекцијата. Најголем дел од Македонија во овој период била под српска власт. Но наскоро одредени феудалци ќе успеат да формираат свои држави на оваа територија. Сега ќе постапиме нешто слично како во минатата лекција, кога учевме за кнежевствата на Добромир Хриз, Алексиј Слав и на Стрез. За полесно да сфатиме на кој начин и зошто баш во тој период одредени феудалци во Македонија ја отфрлиле српската власт и успеале да формираат свои држави, мора да видиме што се случувало со српската држава, бидејќи нели,...

VI одделениe: Тема: Стариот Рим; Лекција (2): Јакнење и проширување на Римската држава

Почитувани ученици, откако ги прочитавте упатствата кои ви ги напишав на Google Classroom, сега почнуваме со нова односно со втората лекција од темата „Стариот Рим“, која носи наслов „Јакнење и проширување на Римската држава“. Во оваа лекција ќе разговараме за јакнењето и територијалното проширување на Римската држава која во учебникот е од страна 76 до страна 78. Исто така, додека го читате текстот задолжително да ја користите картата која ви се наоѓа на страна 84. Пред да преминеме да говориме за јакнењето и проширувањето на Римската држава, најпрвин малку ќе се задржиме за новото државно уредување на Римската држава како и за нејзината војска. На крајот од минатата лекција споменавме дека во 509 год. пред н.е. Римјаните го протерале последниот крал и се ослободиле од власта на Етрурците. Како резултат на протерувањето на последниот крал имаме промена на државното уредување на оваа држава. Имено, повеќе немаме кралство , туку република . Па така, од сега па натаму оваа др...