Skip to main content

Животот на Гоце Делчев до запишувањето во гимназијата „Св. Кирил и Методиј“

Гоце Делчев бил роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш како прво машко дете, а трето по ред на фамилијата Делчеви кои имале вкупно девет деца. Гоце имал тројца браќа, Мицо, Милан и Христо и пет сестри, Руша, Цоца, Тина, Лика и Елена. Неговиот татко Никола Делчев бил од Кукуш, а пак неговата мајка Султана Нурџиева била од селото Мурарци. Таткото на Гоце Делчев се занимавал со трговија и имал стадо овци. Тој бил доста строг, но и правичен човек кој од своите деца успеал да направи слободољубиви, трудољубиви и самосвесни личности, но секако во ова имала голем удел и нивната мајка. Гоце Делчев уште од своите пет години ги развил своите мошне позитивни карактеристики, каде што се нашол во ситуација да ја заштити својата мајка на еден вербален начин и со голема храброст при расправијата на неговите родители. Како мал тој се дружел со деца од различна националност, како Македонци, Турци и Роми, без да прави никаква разлика помеѓу нив. Тој бил многу темпераментен, па честопати знаел лесно да избувне. Гоце Делчев започнал со школување во родниот град Кукуш. Во прво одделение во 1879/80 година се запишал во унијатското училиште, а подоцна се префрил во егзархиското училиште. Тој бил солиден ученик кој сакал да се збогати со повеќе знаења и кој бил љубител на книги. Тој покрај многуте книги, ги читал и книгите од прогимназиската библиотека каде се наоѓале светски дела, а голем број можеле да си ги прошират своите знаења преку многубројните дела на Молиер, Шекспир, Дарвин, Виктор Иго, житијата на Климент Охридски, биографијата на Александар Македонски и безброј други дела. Па така, тој во 1886/87 година го завршил третиот последен клас во егзархиската прогимназија со солиден успех. Меѓутоа тој не успеал да си го продолжи своето образование поради неговиот татко кој сметал дека образованието до сега е доволно за него и дека треба да ја наследи работата на родителот, тој станал чирак во бакалницата на Христо Басамџиев. Сепак ова било залудно бидејќи мислите на Гоце не биле присутни тука, тој имал голема желба да продолжи со образованието. Гоце Делчев најпосле добил подршка од страна на неговиот татко, па така, Солунската гимназија повеќе не била само една обична мечта.

Автор на текстот е Ива Ангеловска, ученичка од VIII-в одделение во ООУ „Наум Наумовски - Борче“ - Скопје


Comments

Popular posts from this blog

VI одделение: Тема: Стариот Рим; Лекција (1): Основање на Римската држава

Почитувани ученици, пред да започнеме уште еднаш да ви напоменам дека блогов ќе ви служи како дополнително помагало при совладување на материјалот. Тука ќе прочитате повеќе работи отколку во учебникот се со цел полесно да го совладате материјалот кој го имате во него. Со оглед на тоа дека ја завршивме темата „Македонија во Стариот Век“ сега започнуваме со нова тема која носи наслов „Стариот Рим“. Во оваа тема ќе учиме за познатата Римска држава која од една обична мала државичка станала сила број еден. Првата лекција од оваа тема носи наслов „Основање на Римската држава“ која во учебникот е на страна 74 и страна 75. Додека читате од блогов нека ви биде и учебникот пред вас и читајте комбинирано. Секако, пред вас нека има и по некое овошје и вода. А сега, да се фатиме за работа! Одиме со првата лекција од новата тема! Основање на Римската држава Територија и население Како и секоја лекција која ја учевме претходно за некоја држава и народ, најпрвин разговараме за не...

VII одделение: Тема 6; Лекција (1): Самостојни владетели во Македонија во XIII век

Почитувани ученици, пред да започнеме уште еднаш да ви напоменам дека блогов ќе ви служи како дополнително помагало при совладување на материјалот. Тука ќе прочитате повеќе работи отколку во учебникот се со цел полесно да го совладате материјалот кој го имате во него. Со оглед на тоа дека ја завршивме тема 5, сега започнуваме со тема 6 која носи наслов „Македонија во развиениот и доцниот среден век“. Прва лекција од оваа тема носи наслов „Самостојни владетели во Македонија во XIII век“ која во учебникот е од страна 85 до страна 87. Додека читате од блогов нека ви биде и учебникот пред вас а особено картата на страна 87 и читајте комбинирано. Секако, пред вас нека има и по некое овошје и вода. А сега, да се фатиме за работа! Одиме со првата лекција од новата тема! Самостојни владетели во Македонија во XIII век Добромир Хриз Кон крајот на XII век бројни крупни феудалци ја отфрлиле византиската власт и започнале самостојно да владеат. Ние во оваа лекција ќе се з...

VIII одделение: Тема 3; Лекција (6): Македонските организации и друштва во емиграција

Почитувани ученици, пред да започнеме уште еднаш да ви напоменам дека блогов ќе ви служи како дополнително помагало при совладување на материјалот. Тука ќе прочитате повеќе работи отколку во учебникот се со цел полесно да го совладате материјалот кој го имате во него. Со оглед на тоа дека ја завршивме лекцијата кој носи наслов „Борбата за самостојна црква“, сега започнуваме со нова лекција која носи наслов „Македонските организации и друштва во емиграција“. Оваа лекција во учебникот е од страна 109 до страна 111. Додека читате од блогов нека ви биде и учебникот пред вас за да читате комбинирано. Секако, пред вас нека има и по некое овошје и вода. А сега, да се фатиме за работа! Одиме со новата лекција! Македонските организации и друштва во емиграција Причини за емиграцијата Во XIX век многу Македонци заминале во соседните балкански земји, но и ширум светот. Некои заминале привремено, некои засекогаш. Имало повеќе причини за оваа емиграција, ние ќе издвоиме три, и тоа: ...